Државата мери безброј пати, а кога ќе пресече, се почитуваат државните одлуки, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со одржувањето на Европрајд.
– Само што донесовме одлука да не ја одржиме парадата. Бајден може да ми се јави мене или на Брнабиќ, може да свртар Путин или Ердоган, нема да има промена во одлуката – подвлече тој.
Вучиќ, на констатцијата дека веќе изјавил дека ќе се почитуваат владините одлуки за Европрајд, а на прашањето како ја толкува најавата на организаторите дека ќе шетаат по секоја цена и покрај заканата од насилство и како државата може да реагира, рече дека што се однесува до тепачки на улиците, државата ќе направи сѐ за да ги спречи тие да се случат.
– Токму затоа вака реагиравме, на најразумен начин. Но, кога расправиите ќе завршат, тогаш почнува викањето и врескањето. А викањето и врескањето не се никаков аргумент, тоа се гледа секој ден и во двата случаи“, рече тој.