Инфлацијата во еврозоната во август над 9 отсто

Инфлацијата на потрошувачките цени во еврозоната во август надминала 9 отсто и достигнала ново рекордно ниво, а атмосфера на континуирано силното поскапување на енергенсите и храната, покажуваат во средата најновите процени на Eurostat.

Прелиминарните процени покажуваат дека растот на потрошувачките цени во 19-те земји кои ја споделуваат заедничката валута, искажан со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), во август повторно забрзал на годишно ниво, достигнувајќи 9,1 отсто по 8,9-процентниот раст во јули.

Со тоа инфлацијата во еврозоната го достигнала новото највисоко ниво откако Eurostat започна да ги објавува извештаите во јануари 1996 година.

Во споредба со јулските потрошувачки цени во еврозоната тие во просек пораснале за 0,5 проценти, покажуваат табелите на Eurostat.

Главната причина за континуираното јакнење на инфлацијата во овој блок европски земји и натаму е скокот на цените на енергенсите, во заднината на шестмесечната војна во Украина и санкциите поради тоа наметнати против Русија што ги засилува стравувањата со натамошно снабдување на Европа со поевтиниот и попристапен руски гас.

Цените на енергијата во август во еврозоната така биле за 38,3 отсто повисоки отколку истиот месец минатата 2021 година, откако во јули беа повисоки за 39,6 отсто. На месечно ниво, инаку, останале непроменети.

Забрзал и растот на цените на храната, на алкохолните пијалаци и тутунските производи, на 10,6 отсто од јулските 9,8 отсто. На месечно ниво поскапела за 1 отсто, покажуваа прелиминарните процени.

Кога ќе се и изземат променливите цени на енергијата и на храната, инфлацијата во еврозоната повторно забрзала, на 5,5 отсто во август од 5,1 отсто од јули, се наведува во извештајот на Eurostat.

 

Балтикот со инфлација над 20 отсто

Балтичките земји, првите соседи на Русија, и во август бележеле најголеми годишни стапки на инфлацијата, а најсилно повторно пораснале потрошувачките цени во Естонија од 25,2 отсто, Во Литванија и во Латвија зголемени се за 21,1 односно за 20,8 отсто.

Половината од членките на еврозоната бележат двоцифрена стапка на инфлацијата, а во групата со раст на цените во распонот од 10 до 20 отсто највисоко ниво бележат Холандија и Словачката со 16,2 односно 13,3 отсто. Словенија, пак, бележи инфлација од 11,5 отсто.

Во Германија и во Италија, првата и третата според обемот економии во еврозоната, цените пораснале за 8,8 односно за 9 отсто, покажуваат првичните процени. Блиску е и Ирска со инфлација од 8,9 отсто во август.

Најниска годишна стапка на инфлацијата во август имала Франција, втората најголема според обемот економија во еврозоната и во Европската унија, каде што изнесувала 6,5 отсто, според прелиминарните процени на Eurostat.