Американската инвеститорска компанија „ RedBird Capital“ се здружи со сопствениците на најтрофејниот американски бејзбол клуб Њујорк Јенкис, за да го купи актуелниот италијански фудбалски првак Милан за 1,2 милијарди евра.
Според објавеното „RedBird Capital“ ќе биде мнозински, додека „Yankee Global Enterprises“ (YGE) ќе има малцински сопственички удел во Милан. Италијанскиот клуб и досега имаше американски сопственик, компанијата „Elliott“.
Новите сопственици објавија дека целта е да се „задржи местото на Милан на врвот на европскиот и светскиот фудбал“.
Минатата сезона Милан ја освои 19-та титула првак на Италија, првата по 11 години, додека својата седма и досега последна европска титула ја освои уште во 2007 година.
Инаку „RedBird Capital“ се сопственици на англискиот премиерлигаш Ливерпул и на бејзбол клубот во МЛБ лигата, Бостон Ред Сокс.