Скопската градоначалничка Данела Арсовска на почетокот од денешната седница на Советот на Град Скопје, ги отфрли обвинувањата од некои опозициски советници за наводни партиски вработувања во администрацијата на главниот град.
„Сакам да се изолираме, ако можеме, од овие глупости со партиски војници, бидејќи таквите соопштенија ги слушаме веќе десет месеци а ниедно лице формално не е вработено во Град Скопје. Јас партија немам, според тоа не можам да вработувам партиски војници. Доколку тоа било практика порано, тоа повеќе не продолжува“, рече Арсовска барајќи од советниците да се надминат во врска со таа тема.