Состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина ќе се одржи на 22 септември на министерско ниво, што значи дека ќе бидат поканети министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитри Кулеба, изјави постојаниот претставник на Франција во ОН Никола де Ривиер.
– Тоа е министерски состанок за Украина. Така што ќе бидат поканети сите министри на Советот за безбедност. Со оглед да на тоа што состанокот е за Украина, ќе биде поканет и шефот на украинската дипломатија, изјави постојаниот претставник на Франција, земја која месецов претседава со Советот за безбедност на ОН.
Состанокот ќе се одржи на тема „Одржување на мирот и безбедноста на Украина“.