Евертон и Ливерпул без голови, голманите бранеа, се тресеа и стативите

Евертон и Ливерпул одиграа дерби на градот без голови на „Гудисон“. И покрај многуте шанси на двете страни, двата тима погодија и по една статива, на крајот мрежите мируваа. Евертон постигна и гол кој беше поништен поради офсајд.

Сепак, во главен елемент беа голманите Пикфорд и Алисон, особено чуварот на мрежата на Евертон кој одбрани неколку тешки удари, меѓу кои и обидот во 88. минута од средбата.

Во првиот дел Евертон ја погоди стативата преку Дејвис, додека во вториот дел Диаз исто така го здрма дирекот. Стативата се тресеше и во 96. минута кога Салах се обиде, но не реализираше и Ливерпул не дојде до победата.

Евертон остана без победа во Премиерлигата и по шест кола, и има четири ремија, додека Ливерпул остана на две победи, а ова за нив беше трето „реми“.