Милан и Интер одиграа динамично дерби на кое беа видени пет голови. „Росонерите“ беа подобар противник и заслужено победија со 3:2 и му покажаа на Интер зошто минатата сезона го симнаа од шампионскиот трон.
Сепак, прв поведе Интер, преку Брозовиќ по една одлично изведена акција во 21-та минута. Но, радоста не траеше долго. По седум минути следуваше израмнување преку Леао, па на полувреме се замина со 1:1.
Во вториот дел, Милан далеку подобар. Веже во 54-та минута Жиру погодува за 2:1, а Леао со прекрасен соло продор во 60-та минута зголеми на 3:1.
Веднаш потоа тренерот на Интер почна да менува, па направи неколку измени. Џеко влезе во игра во 64-та, а веќе во 67-ма погоди за 3:2. До крајот на двете страни уште по неколку полушанси, но не и вистински за нов гол. Милан во моментов е лидер во пет кола со 11 бодови, Интер по поразот „падна“ на петото место со 9 бодови.