Претпладне променливо облачно со локален дожд а попладне намалување на облачноста, температурите во пораст

Времето во Македонија во понеделникот ќе биде променливо облачно со локален дожд во претпладневните часови, претежно во југоисточните делови, додека попладне облачноста ќе се намалува.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе изнесува 6.

Утринските температури се движат во интервалот од 10 до 19 Целзиусови, додека максималните дневни ќе достигнат соодветно 21 односно 26 степени.

Во Скопје и околината денеска во утринските часови ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура се движи околу 16-от степен, додека дневната ќе достигне до 26 Целзиусови степени.

Следните денови, според прогнозите, ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со постепен пораст на дневната температура.