Апелација ги потврди доживотните затворски казни за масакрот кај Смилковското езеро

Алил Демири, Африм Ислаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири и Фејзи Азири се правосилно осудени за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро во 2012 година на четирите момчиња Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски ид Радишани, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.

Апелациониот суд објави дека жалбите на петтемина обвинети се одбиваат, се потврдуваат казните, од кои три се доживотна робија, а делото терористички акт не се менува.

Судот им ги потврди доживотните затворски казни на обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. По убиството, во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и се чека реакција од Министерството за правда со ново барање за екстрадиција.

Се потврдува првостепената казна и за помагачите Хаки и Фејзи Азири.

Обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи.