Кина ќе го плаќа рускиот гас во рубљи и јуани

Рускиот гасен гигант „Газпром“ и кинеската корпорација CNPC потпишаа во вторникот договор според кој меѓусебните плаќања ќе ги префрлат исклучиво во националните валути на двете земји, објави во вторникот руската државна компанија.

„Потпишани се анекси на долгорочниот договор за купопродажба на гасот преку источната рута на гасоводот Моќта на Сибир. Конкретно, беше направен премин за плаќање на испораките на гасот во Кина во националните валути рубљи и јуани“, се наведува во објавата на „Газпром“ објавен на Telegram.

Како што истакнува во писмената изјава челникот на руската компанија, Алексеј Милер, новиот механизам за плаќањето е полезно, навремено, сигурно и практично решени за двете страни.

„Верувам дека тоа ќе го поедностави пресметките, ќе стане одличен пример и за другите компании, ќе даде дополнителен поттик за развојот на нашите економии“, се додава во изјавата на Милер.

Милер, како претставник на „Газпром“ и претседателот на Управниот одбор на CNPC, Даи Хулијанг, разговарале и за проектите за испорака на гасот од Русија кон Кина по „далекуисточната“ рута, којашто руската компанија веќе почнала да ја проектира, како и за реализацијата на гасоводот Моќта на Сибир 2 во Русија и Источен сојуз во Монголија, коишто ќе ги поврзат руската и кинеската гасоводни мрежи.

Првата испорака на гас кон Кина преку гасоводот Моќта на Сибир започна кон крајот од 2019 година и изнесуваше 4,1 милијарди кубни метри во 2020 година, обем кој беше удвоен веќе следната 2021 година. Двете страни очекуваат дека проектираниот годишен капацитет од 38 милијарди кубни метри гас ќе биде достигнат од 2025 година.

На почетокот на февруари годинава, кога рускиот претседател Владимир Путин пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг со кинескиот колега Кси Џинпинг потпишаа бројни договори во разни сфери во контекстот на јакнењето на стратешкото партнерство меѓу двете земји, „Газпром“ го потпиша вториот долгорочен договор со CNPC за извоз на гасот преку далекуисточната рута. Вкупниот обем на испораките, според овој договор, ќе порасне на 48 милијарди кубни метри гас годишно.

Според процените, имајќи ги предвид и гасоводот Моќта на Сибир 2 и неговото продолжување низ Монголија преку кракот Источен сојуз, извозот на руски гас во Кина би можело да се зголеми за дополнителни 50 милијарди кубни метри годишно.

Милер информирајќи гои Хулианг за моменталниот статус на активностите на проектите на гасоводните мрежи, челникот на „Газпром“ рекол дека до крајот на годината преку Моќта на Сибир ќе потече гасот од наоѓалиште Ковикта. Со тоа, според Милер, со тоа ќе биде осигурено исполнувањето на договорените обврски на руската компанија да ги зголеми испораките за Кина во 2023 година.