
Во 23:20 часот кај место викано „Стара плинара“ на обиколница Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ откриле група од 157 лица мигранти од Сирија.
Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.