
Времето во Македонија во средата биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 30 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 Целзиусови степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура.