-Прв пат од осамостојувањето, нема достојно одбележување на празникот на независноста. Организирале нешто „ради реда” само. Срамота! Но, тоа е реалноста за сега, власта е во рацете на нај антимакедонска партија СДС и нивните коалициони партнери, коi исто така не сакаат да го спомнат името Македонија! Денес Ковачевски бил во градска општа болница “8 Септември”. Супер! 5 години оваа реномирана болница пропаѓа, ред е да и се посвети внимание, стои во Фејсбук статусот на Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа запраша дали денес беа само за сликање и парада таму или планираат да ги решат проблемите и криминалот што се случува последниве години!?
– А, ќе се реновира ли ГОБ 8ми Септември!? Замислете денес бандава која е на власт, промовирале апарат за зрачна терапија, купен за време на ВМРО ДПМНЕ, пред повеќе од 5-6 години!? Го чувале неспособниве толку време неупотребен. А, немаат ниту обучен кадар за користење на истиот. Кога сме кај кадарот, недостасува кадар од повеќе области. Фалат сестри, инструментарки, анестезиолози, онколози…и никој “уво не го боли”. Нема ни термини за операции! Ако сакаш операција на ортопедија , хирургија, треба да одиш вон работно време кога медицински тимови работат во болницата, но работат приватно, по склучени договори!? И тоа не е се! Од сите тие договори, наводно 30% од сумата која ја плаќаат пациентите земал директорот!? Имало поделбата по одреден процент за хирургот, анестезиологот, инструментарка,
но и за директорот по нешто? Не само што е нејасно зошто нема Мој термин за операции и мора да се работи вон работно време наплаќајќи приватно, повеќе е нејасно зошто и директорот би земал процент од секоја операција? Ако ова е вака, ова е скандал! Му го кажавте ли ова на Таче денес!? Му кажавте ли и дека акцелераторот наместен одамна, подготвен за современи интервенции, 3-4 години нема пациент кој го користел!? Му кажавте ли дека и по други градови е така, пропаѓа опремата купена за време на ВМРО и стои не искористена. Му кажавте ли дека во ГОБ 8ми Септември нема зголемени плати за медицинскиот персонал, нема инфективен додаток за вработени во кујна,перална, среден не медицински персонал, администрација!? Му кажавте ли на Таче денес, дека нема нова медицинска опрема ( освен онаа купена за време на ВМРО која неспособниве ја чуваа по подруми и ходници), нема медикаменти, нема основни работи за функционирање, дури ни хартија за принтање нема!? Веројатно ништо од ова не сте му кажале на Тачета, затоа што само вашето самарче ви е важно да е натоварено!? А и да му кажавте, тој па бетер, напиша Андоновска.