Мицкоски: Општина Сопиште и покрај опструкциите од Владата, успешно ги реализира проектите и градоначалникот го остварува ветеното од изборите

-Покрај паркинг просторот тука се наоѓа и новата детска градинка што заедно со овој дел ќе биде комплетирана и ќе може да ги прими новите дечиња и со тоа проблемот со детски градинки овде во општина Сопиште, горе-доле, е затворено како прашање односно сите капацитети ќе бидат исполнети и ќе бидат задоволени практично потребите на оние граѓани кои дечињата ги носат во детските градинки. Што се однесува до останатите проекти имаме термоенергетска фасада во основно училиште во населеното место Чифлик и сето она кое што се гледа овде во општината Сопиште, но и било каде во Македонија, можам да кажам, имајќи ги предвид и околностите и опструкциите од страна на Владата, е навистина оптимистично и одговара на потребите и барањата на граѓаните и практично е реализација на проектите од кампањата што ја имавме за време на локалните избори минатата година, истакна Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Убеден сум дека со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ голем дел од проектите на општините ќе влезат и во таканаречените капитални инвестиции и ќе се почувствува што значи кога ќе имаме и општини и централна вода која што ќе ги поддржува општините, а не да ги опструира како што тоа го прави оваа влада. Навистина исклучително оптимистични резултати се овде во општина Сопиште, јас само посакувам така да се продолжи, впрочем тоа го кажаа и граѓаните на последните локални избори, го реизбраа градоначалникот повторно, така што задоволни се, го реизбраа со огромно мнозинство три пати повеќе од неговиот против кандидат, очекувам така да се продолжи и во периодот кој што следи, додаде Мицкоски при неговата денешна посета на општина Сопиште.