Женска пресметка на Бит пазар, малолетник нападнат во Аеродром

Во четвртокот вечерта малку пред полноќ 20-годишната М.Д од Скопје пријавила дека околу 20,30 часот во Скопје на подрачјето на Бит пазар била физички нападната од нејзината сограѓанка Л.Д. од Скопје.

Истовремено во 23.35 часот 40-годишната А.Р.Ш. од Скопје, пријавила дека во Скопје на подрачјето на Аеродром нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

Се работи на расчистување на два случаи информираат од МВР..