Аугсбург во првиот натпревар од шестото коло на германското фудбалско првенство во петокот вечерта со 1:0 на гости го совлада Вердер.
Голот за победата на Аугсбург го постигна во 63 минута Елдемир Демировиќ. Аугсбург по втората победа во шест кола е 11-ти на табелата со шест победа, додека Вердер е деветти со осум бодови.
Во сабота се играат натпреварите Баен Минхен – Штутгарт (15.30 ч.), РБ Лајпциг – Борусија Дортмунд (15:30), Хофенхајм – Мајнц 05 (15.30 ч.), Ајнтрахт – Волфсбург (15:30), Херта – Баер Леверкузен (15.30 ч.) и Шалке 04 – Бохум (18.30 ч.), додека в недела колото ќе го затворат дуелите Келн – Унион Берлин (15.30 ч.) и Фрајбург – Борусија Менхенгладбах (17.30 ч.).