Доцна попладнево се случило пукање во скопската населба Ченто, при што двајца се повредени. Како што дознава Нетпрес, пукал извесен Беким Јахија, откако дошол во расправија со друго лице, поради претходно направена сообраќајка.
Во текот на кавгата, според наши извори, Јахија извадил пиштол и пукал во лицето.
Едниот од повредените било од село Мојаци.
Лицето кое пукало било со Голф 6‚ црна боја и веднаш се дал во бегство.