
Најмалку три лица загинаа во силен земјотрес со јачина од 7,6 степени што ја погоди Папуа Нова Гвинеја.
Според локалните власти, земјотресот се случи вчера, има многу повредени, а оштетена е и инфраструктурата.
Три лица загинаа во лизгање на земјиште во градот Вау.
Директорот на Центарот за катастрофи во провинцијата Мороб, Чарли Масанж, изјави дека се уништени здравствени установи, домови и патишта и додаде дека може да биде потребно извесно време за да се процени штетата.
Тој истакна и дека на тој дел од островот нема многу граѓани и високи згради во близина на епицентарот и поради тоа е избегната катастрофа со оглед на тоа што земјотресот бил многу силен.
Шокантни се и сликите кои покажуваат дека земјата буквално се отворила од силниот потрес.