Од матурска екскурзија се вратија 40-тина матуранти во Делница, а нивните родители со солзи во очите ги гушкаа децата.
Оваа среќа ја немаа родителите на матурантот кој трагично загина на екскурзијата.
Неговите другари плачеа на глас, во силна прегратка. Со неверување, тага и шок, видно потресени говореа за својот другар кој во шпанското одморалиште се качи на кран, падна и почина на лице место.
Како што пренесуваат шпанските медиуму, 17- годишното момче било пронајдено мртво во четвртокот вечерта на градилиште во Лорет де Мар
Наводно, тој починал по пад од градилиштето, високо 25 метри. Кога работниците го виделе телото веднаш повикале брза помош, но момчето починало на лице место.