– Во кругот на фабриката „Макстил“ денеска ќе бидат уништени запленети наркотични дроги.
Како што е најавено од Министерството за внатрешни работи, на уништувањето на запленетите наркотични дроги ќе присуствува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Уништувањето ќе се изврши во организација на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за управување со одземен имот и Државната комисија за уништување на наркотични дроги.