Хокеар на аматерскиот тим Хармонија, Константин Моруга починал во неделата на натпревар во градот Кстово во областа на Нижни Новгород во центарот на европскиот дел на Русија, соопшти на социјалните мрежи локалната хокеарска асоцијација.
Според соопштението 48-годишниот хокеар претрпел срцев удар во текот на натпреварот. Во 12 минута од мечот со тимот на Криоген, се струполил на мразот.
Соиграчите и медицинскиот тим се обиделе да му помогнат на спортистот, но интензивните обиди за реанимација, за жал, не помогнале.
Снимката од натпреварот е објавена на Јутјуб каналот на федерацијата за хокеј на мраз Нижни Новгород.