На 12.09.2022 во Полициската станица Кавадарци, 42-годишен жител на Кавадарци пријавил дека бил измамен од едно лице од Скопје за сума од 28.600 денари.
Според пријавеното, пред два и пол месеци тој се договорил со лицето да му помогне да добие работна виза за Англија, по што му ги дал парите.
Како што е пријавено, тој не добил виза, а не му биле вратени ниту парите, по што се посомневал дека е измамен.
Се работи на расчистување на случајот.