„Google Maps“ добива опција која ќе им помогне на возачите да заштедат гориво во автомобилот

Еколошките рути во апликацијата ќе бидат означени со знак, и тоа лист.

„Google“ вчера објави дека ја проширува својата еколошки прифатлива опција за рутирање на мапите и во Европа, пренесува британски „The Sun“.

Тоа значи дека од утре во речиси 40 европски земји ќе биде достапна опцијата „заштеди гориво“ која „Google Maps“ ја доби минатата година во Америка и Канада.

Имено, опцијата функционира така што на возачите им ја покажува рутата која троши помалку гориво.

Еколошките рути во апликацијата се означени со знак – лист. Исто така направена е и помала иновација, па така секој корисник ќе може да си ја персонализира својата еколошка рута, бирајќи го видот на гориво кој го користи во својот автомобил.

На пример, возачите на автомобили кои користат дизел ќе се движат по брзи автопати каде нивните мотори ќе бидат најефикасни.

Оние во електрични возила пак од друга страна ќе бидат испратени низ површински улици каде можат подобро да ја искористат предноста на регенеративно кочење.

Системот е направен со користење податоци од Националната лабораторија за обновлива енергија (NREL) Министерството за енергетика на САД и Европската агенција за животна средина.

За да го приспособат подесувањето на еколошки прифатливата рута, треба да се оди на подесување на навигацијата, а потоа да ја пронајдете истата во менито – „опција рута“.