Сончево со раст на температурите

Од средата подрачјето на Македонија постепено ќе потпаѓа под влијание на јужно воздушно струење и на топла воздушна маса, а со тоа и пораст на температурата.

Преку ден ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер. УВ индексот ќе изнесува 7.

Утрово уште се задржа свежото време со температура од 5 до 15, а дневната температура ќе биде во пораст и ќе се движи во интервал од 24 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје и околинтата денеска ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура достигна 10, додека во текот на денот ќе се искачи до 28 Целзиусови степени.