Џафери од политичар стана муфтија со давањето вечност на бугарскиот договор во ранг на Куранот, а спротивно на домашното и меѓународното право

Интегрално соопштение од Единствена Македонија:

Вчера Талат Џафери изврши уште еден упад во поредокот утврден со уставот на Република Македонија, односно се случи своевиден државен удар со одбивањето на Иницијативата за референдум на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Со погрешното толкување на членот 118 од Уставот велејќи дека меѓународните договори не смее да се менуваат со закон, Џафери од политичар стана муфтија и на еден меѓународен договор му даде вечен карактер во ранг на Куранот.

Образложението на Џафери е глупаво, правно неиздржано и крајно провоцирачко за македонскиот народ. Еве ги фактите:

– Меѓународно правно опсервирано да се одбие правото на една држава да се откаже од важноста на еден меѓународен договор, би било исто како да се признае на Договорот вечен карактер, на кој што оправдано не би можело да се претендира.

– Смислата на член 118 на кој се повикува Џафери е да не се менува еднострано содржината на Договорот за време на неговото постоење, бидејќи станува збор за двостран правен акт кој е израз на волјата на две договорни страни. На пример, што правиме ако Бугарија ја искористи калузулата за раскин од член 13 од Договорот, како тогаш Џафери ќе ја одбрани вечноста на Договорот со членот 118 на кој се повикува.

– Собранието како носител на законодавната власт може да донесе закон за престанување на важноста на било кој закон. Во конкретниот случај, Собранието одлучува во редовна постапка за гласање по принципот на просто мнозинство од присутните пратеници (потребни се најмалку една третина/40 пратеници да гласаат потврдно и присуство на на мнозинство пратеници/61 пратеник а доколку сите 120 пратеници бидат во салата најмалку 61 пратеник да гласа потврдно).

– Со референудмот не се менува закон како што вели Џафери, туку се изјаснува народот што мисли за едно прашање од надлежност на Собранието/Договорот. Во една претпоставена ситуација на успешен референдум, Собранието е должно во рок од 60 дена да го уреди прашањето во согласност со резултатот од референдумот (член 30 став 2 од законот). Во пракса тоа значи, прво, донесува Закон за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот (член 61 став 1 од Уставот), второ, Договорот се раскинува со писмено известување до Бугарија (член 13 од договорот) и трето, Република Македонија го информира депозитарот на Договорот – Секретаријатот на ОН дека Договорот е раскинат, со цел негово бришење од регистарот кој се води во согласност со Повелбата на Обединетите нации (член 102).

Нема вечен договор. На секој меѓународен договор може да му се одземе важноста со поништување или престанок во согласност со основите и постапката утврдена со Конвенцијата за договорното право (член 42). И толку!