Крилниот напаѓач на Барнли се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски, кој уште вчера на прес-конференцијата најави дека Чурлинов е неизвесен за настап. Последните медицински прегледи покажаа дека младиот фудбалер има повреда на задниот бутен мускул и нема да биде во можност да помогне на овие дуели.
Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 19 септември (понеделник) во Скопје. На 23.септември гостуваме во Тбилиси кај Грузија, а три дена подоцна на арената „Тодор Проески“ ја пречекуваме Бугарија.