Kремљ: Состанокот на Путин со Си во Узбекистан е многу важен

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин ќе разговараат за војната во Украина и за други меѓународни и регионални прашања на самитот во Узбекистан кон крајот на оваа недела, објави Кремљ.

„Двајцата лидери ќе се сретнат на самит кој на Западот ќе му покаже алтернатива“, се вели во соопштението на Кремљ.

Одењето во Узбекистан ќе биде прво патување на Си во странство од почетокот на пандемијата. Си денеска ја започнува тридневната посета на Казахстан, а потоа ќе се сретне со Путин на самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО) во четврток во Самарканд.

Самитот ќе трае од 15 до 16 септември.

Јуриј Ушаков, портпаролот на Кремљ за надворешна политика, вели дека самитот се одржува „во позадина на големите политички промени“.

„Путин ќе се сретне и со други лидери, вклучувајќи ги и лидерите на Индија, Турција, Иран и Пакистан, но неговата средба со Си Џинпинг е од особено значење“, рече Ушаков.

ШОС е основана во 2001 година со четири поранешни советски држави од Централна Азија, а Кина и Русија долго време се обидуваат да ја позиционираат како алтернатива на западните мултилатерални групи.