
Острата зима би можела да доведе до социјални немири во Европа, каде што војната во Украина и западните санкции поради тоа против Русија доведоа до ужасни економски последици поради што се стравува од рецесија, предупреди во средата челничката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF), Кристалина Георгиева.
Директорката на ММФ порача дека поради моменталната ситуација Европската централна банка (ECB) мора претпазливо да се урамнотежи во борбата против инфлацијата, имајќи ја притоа предвид „неопходноста од одржувањето на економијата“,
„Бездруго постои стравот од рецесија во поедини земји, а дири и да не дојде до неа, ќе изгледа како да е оваа зима. Доколку мајката природа реши дека не сака да соработува, па зимата биде остра, би можело да дојде до социјални немири“, рече Георгиева.