Денеска на Седницата за советнички прашања во Град Скопје, советникот Луке Галевски ја праша градоначалничката Данела Арсовска, неколку прашања во однос на актуелните случувања со тендерот за пречистетална станица за скопските отпадни води.
Но, наместо одогвор на прашањата на советникот, Арсовска почна да држи политички говори од говорницата во Советот на Град Скопје, како да е партиски лидер на митинг. Додека зборуваше, видно изнервирана и хистерично го напаѓаше Христијан Мицкоски, иако тој не е инволвиран на никаков начин во однос на она што ги многу ги интересира граѓаните на градот Скопје, односно спорните работи околу тендерот за пречистителна станица. Арсовска, очигледно, за да не одговори кое е лицето Аркан Керим, кое го спомена Галевски од говорницата, како наводен претставник на турскиот конзорциум за кој медиуми блиски до скопската градоначалничка пред отворање на понудите на тендерот објавија дека дал 20 милиони евра пониска понуда, почна со видна глума да го навредува Мицкоски. За истиот турски конзорциум, дел од медиумите објавија дека е фаворизиран од Арсовска, а за да си ја оствари целта таа токму затоа го разреши директорот на ЈП „Водовод и каналаизација“, со изговор за некакви наводни негови своеволија.
На денешната седница на град Скопје, видно изнервираната и избезумена градоначалничка не спомна ништо ниту за ставот на Европската инвестициска банка, која вчера со соопштение се обрати до јавноста во врска со проблемите кои ги предизвика токму Данела Арсовска и поради која главниот град на Македонија најверојатно ќе остане без пречистителна станица за отпадните води.
„…Секој обид за ревидирање на стратегија за набавки без оправдување, во оваа фаза или неусогласено со важечките принципи за доверливост, ќе предизвика одложување на процесот за набавка и ќе ја загрози достапноста на средствата.
Од почетокот на проектот се почитуваат условите и преземените обврски за исплата на средствата, набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на Европската инвестициска банка и во согласност со одобрената стратегија. До денес, комитетот за евалуација, потпомогнат од искусен тим на меѓународни консултанти, ги изврпуваше своите задачи, на посветен начин…“
Ова е дел од соопштението до јавноста на Европската инвестициска банка во однос на последните случувања околу тендерот.
Но, Арсовски не даде никаков свој став, ниту коментар на ова, туку манипулираше во своето денешно излагање со свртување на вниманието на јавноста, глумејќи дека таа е некаква жртва на лидерот на ВМРО ДПМНЕ?! На крајот скопската градоначалничка побегна од седницата без да и воопшто ги чуе прашањата на останатите советници. Седницата продолжи без неа, а со својот потег и бегањето таа само покажа колку е заинтересирана за проблемите на скопјани.