Киев ќе се обиде да го повтори сценариото со провокацијата со киевското предградие Буча во градот Изјум, на истокот од Украина во кој на почетокот од седмицата влезе украинската војска откако од него се повлече руската, изјавија во петокот од сепаратистичката администрација во Хакрковската област чиј дел е под контрола на руските единици.
Претставникот на споменатата проруска сепаратистичка администрација Виталиј Ганчев за агенцијата РИА потсетил дека изминатите месеци градот Изјум речиси секојдневно беше гранатиран од страна на украинската војска, и оти редовно известувале за цивилни жртви на „режимот во Киев“.
„Уште еднаш сме сведоци како украинските власти шпекулираат со животите на луѓето. За нас беше очигледно дека Украина ќе се обиде да го повтори сценариото од Буча, сега во Изјум. И овој, како и многу други градови во нашиот регион, беше подложен на жестоки гранатирања“ од украинските сили, рекол Ганчев.
Истакнал дека Киев сака да создаде „слика“ за западните медиуми кои денеска објавуваат масовно стории за Изјум, со цел да ја мобилизира западната јавноста за нови дополнителни испораки на оружје.
„Оваа не е борба против армија, ова е борба против народот, кој тие одамна престанаа да го сметаат за свој“, заклучил Ганчев.
Ганчев инаку уште на 12-ти септември објави дека добил информации од граѓаните кои останале дека припадниците на украинските паравоени формации и странските платеници кои како претходница влегле во Изјум по повлекувањето на руските војници го стралаат цивилното населени и жртвите ги снимаат со камери, и уште тогаш изрази сомневање дека се подготува, како што рече, провокација од страна на Киев.
Челникот на самопрогласената сепаратистичка Лиганска Народна Република, Леонид Слуцки претходно изјави дека украинскиот претседател Владимир Зеленски ги собира „вистинските“ новинари и камерите на западните телевизии, за да презентираат „уште една неонацистичка измислица за Изјум“.
Слуцки изминатите денови рече и дека Зеленски подготвува фалсификати за Изјум и потсети дека изминатите денови во втор план паднаа „успесите“ на украинската противофанзива на северот и истокот,
Руската војска на 12-ти септември објави дека малите единици во градовите Балаклеја и Изум биле прегрупирани во правец на Доњецк со цел да се завршат зададените задачи за заземањето на областа Донбас, каде е доминантно руското и рускојазичното население. Претходно воените и цивилните власти во двата града соопштија дека се евакуирани сите жилети кои сакале да ги напуштат.
Првиот руски дипломат Сергеј Лавров во неделата 11-ти септември во интервју за државната телевизија истакна дека Русија сѐ уште не ги добива информации од Западот за, како што рече, провокацијата во Буча.
„Оние изразуваа жестока огорченост и вината ја префрлија на Русија, сѐ уште не можат да ни одговорат на прашањето дали е можно барем да се добијат имињата на луѓето коишто, според нив, биле убиени од руската армија. Тие (Западот) се кријат кога бараме да одговорат на нашите легитимни прашања за тоа каде се Скрипал, зошто не се презентирани докази за обвинувањата“, рече Лавров.
Станува збор за предградие на украинската престолнина Киев од каде руските сили се повлекоа во март, а по неколку дена Украина објави дека таму наводно руските војници направиле воено злосторство а бројни светски челници го посетија местото и остро ја критикуваат руската страна. Москва во своја одбрана посочува дека станува збор за исцениран случај во соработка меѓу украинската и западните воени тајни служби, како и западни медиуми, истакнува дека Буча била гранатирана од украинската војска и прашува зошто по четири дена е објавено за наводното злосторство и откако градоначалникот во изјава за медиумите веднаш по влегувањето на украинските сили не зборувал за некакви масовни ликвидации.