![ministerstvo za kultura](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/ministerstvo-za-kultura-1-1-750x430.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Мал пожар избувнал денеска во Министерството за култура, според соопштението од оваа институција, и бил изгаснат веднаш од вработените со ПП апарат, а според протоколите за работа сите биле евакуирани навремено.
„Беше повикана Противпожарната служба и екипа на Министерството за внатрешни работи, како и екипа од Јавното обвинителство кои вршат увид за утврдување на причините за пожарот и евентуално причинетата штета“, наведува во соопштение Министерството за култура.
На местото пристигнало едно противпожарно возило со четворица пожарникари.
„Се запалиле 2-3 регистри и шина за кабел во една просторија во министерството, при што местото беше задимено, но пожарот брзо изгаснат“, информирааат од Пожарната.