Во невремето во Италија смртно настрадале 11 лица

EPA/VIGILI DEL FUOCO HANDOUT BEST QUALITY AVAILABLE HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Бројот на смртно настраданите во невремето коешто ноќта кон петокот на зафати централниот италијански регион Марче се зголеми на 11 а уште две лица се водат како исчезнати, објавија властите во саботата.

„Продолжуваме со потрагата за да ги најдеме двајцата исчезнати“, се наведува во соопштението на властите во покраината Анкона. Според локалните медиуми, станува збор за осумгодишно дете и 56-годишна жена.

Регионот Марче беше погоден од силен дожд, на некои места во количество еднакво на шестмесечниот просек на врнежи, што предизвика поплави и порои од кал и наноси.

Во некои делови од регионот водата продрела во подрумите. Водените порои однеле многу автомобили, а некои возила останале затрупани под калта. Поради одрони на почвата и соборени стебла кои се кршеле под налетите на ветрот и дождот, пресечени се многу патни правци, што го отежнува работењето на спасувачите.

Во поголемиот дел од Италија и во саботата се задржа лошо време/ Сѐ уште дува силен ветер, особено на западниот брег на земјата, во областите Тоскана и покраината на главниот град Рим. Во регионот Марче се очекуваат уште врнежи, а локалните власти ги повикаа населението да остане во своите домови.

„Не задржувајте се во приземјата на своите куќи. Засолнете се на горните катови“, и порача на сограѓаните градоначалникот на Сенигалија, Масимо Оливетио.

Во градот Равена бурата во саботата претпладнето ги откачил везовите на норвешкиот туристички крстосувач „ Viking Sea“, на кој се наоѓаат 870 патници и 200 членови на екипажот. Биле потребни повеќечасовни маневри и ангажирање на пет реморкери за бродот да биде стабилизиран и вратен во пристаништето.