
Украинските единици затвориле и во непознат правец однеле седум студенти од Шри Ланка кои судирале на медицинскиот колеџ во Купрајнск кој е под контрола на украинската војска, во источна Украина, предупреди во саботата челникот на проруската сепаратистичка администрација во регионот Виталиј Ганчев.
„Дознавме дека укрофашистичките единици затвориле седум државјани на Шри Ланка кои студирале на Медицинскиот колеџ во Купјанск. Тие се однесени на непозната дестинација. Имајќи ги предвид добро познатите методи на работа на украинските специјални служби, не исклучуваме провокации против воено-цивилната администрација на регионот Харков и Русија“, објави Генчев на Telegram.
Според него, постои голема веројатност приведените странски студенти да бидат употребени за фабрикување фалсификат, како во Буча и во Изјум.
Генчев всушност алудира на обвинувањата од почетокот на април и од почетокот на оваа седмица, за наводни масовни гробници во киевското предградие Буча и во градот Изјум за кои Киев и Западот ја обвинуваат руската војска. Москва ги отфрла тие обвинувања, и посочува дека претходно ја предупредила светската јавност дека се подготвуваат такви инсценирања кога според руската страна странските платеници стрелале граѓани по улиците на градовите од кои се повлекоа руските единици пред една седмица и оти тоа го снимаат на камери.
Истовремено министерството за надворешни работи на Шри Ланка објави дека добивајќи ги информациите за своите државјани побарала од владата на Украина поединости и информации за нејзините граѓани, но дека до саботата вечерта не добиле одговор.
Претходно во петокот Ганчев објави дека украинските единици во Харковската област грабнуваат жители кои се обвинети за соработка со сепаратистичките власти и оти според нивните сознанија ги врзуваат за дрвја во шумите, ги измачуваат и им ги заковуваат нозете за стеблата.