ВИДЕО| Првиот снег наврна и во Србија

Како што претходно најавија метеоролозите за неделата, падна првиот снег во Србија, откако во саботата внреше и во Словенија и Хрватска.

„Во неделата дождовните облаци минуваат над Србија и се движат кон исток со делумно разведрување, најпрво претпладне на северот и западот на Србија. На врвот Копаоник и високите планини над 1.500 метри надморска височина може да осамне снег“, најавуваат метеоролозите.

На социјалните мрежи се појави видео од првите снегулки од Копаоник. Датумот на првото појавување на снег и првата снежна покривка може да се разликуваат. Статистички гледано, мерлив снег се смета секој снег чија висина надминува најмалку еден сантиметар.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by InfoKOP (@infokop)