Од Бакингем до Трансилванија, старите и новите резиденции на Чарлс Трети

Transylvania

Британскиот крал Чарлс Трети освен круната ги наследи и дворците и резиденциите ширум Обединетото Кралство, но му припаѓаат и историските зданија во романска Трансилванија, татковината на митскиот крволочен гроф Дракула.

По смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, нејзините службени и приватни резиденции ќе минат во сопственост на Чарлс Трети, но некои имоти и дворци ќе мора да ги напушти и да му ги отстапи на својот постар син и наследник.

 

Бакингам

Кларенс Хаус во Лондон беше официјалната адреса на принцот од 2003 година, но новиот крал сега ќе се пресели 400 метри подалеку, во Бакингемскиот дворец, официјалната лондонска резиденција на британските владетели и административното седиште на монархијата.

Ќе ги преземе, исто така, и дворецот Виндзор, палатата Холирудхаус, официјалната резиденција на монархот во Шкорска, како и дворецот Хилсборо, официјалната резиденција во Северна Ирска.

Чарлс Трети го наследува и дворецот Балморал во планините на Шкотска, каде што кралското семејство ги минува летните месеци, како и Сандригем, во грофовијата Норфлок на истокот на Англија, каде што кралицата имаше обичај да престојува за Божик.

Иако се колеба дали да се пресели во Бакингемскиот дворец, Чарлс Трети тоа ќе го стори и ќе се откаже од својот досегашен живот и својот „топол дом“.

Во Кларенс Хаус се всели во 2003 година, по смртта на неговата баба Кралицата Мајка. Неговото заминување ќе значи и „неизбежен“ отказ за персоналот на таа резиденција.

Неговиот наследник, синот Вилијам со сопругата Кејт ќе се преселат во Виндзор, каде што нивните три деца ќе имаат повеќе простор и слобода отколку во Лондон. Досега живееја во палата Кенсингтон.

 

Хајгроув – најголемата загуба за кралот

Кралот Чарлс Трети, несомнено, најмногу ќе пати по неговата „селска куќа“ Хајгроув на југоистокот на Англија, којашто му припадна во 1980 година. Тоа здание, меѓутоа, е во сопственост на војводството Корнвол, кое му го отстапува на принцот од Велс, атоа сега е Вилијам.

За Чарлс Трети таа куќа во Глосторшир, изградена 1789 година во неокласичен грегоријански стил, беше засолниште. Целосно е преуредена во согласност со неговите еколошки барања. Познати се тамошните градини кои годишно ги посетуваат околу 30.000 луѓе.

„Ќе биде многу тажно да се напушти Хајгроув. Речиси сето тука е дело на моите раце. Секое стебло има некое значење“, изјави во 2010 година за BBC тогашниот принц Чарлс.

 

Дворците во Велс и Шкотска

Војводството од Корнвол за тогашниот принц во 2006 година го купи имотот Лвинивермод, на југот на Велс, кој исто така е преуреден според еколошките цели на тогашниот принц.

Од својата баба Чарлс го наследи и Биркхол, посед крај Балморал, каде што се засолни со сопругата Камила во текот првиот бран на пандемијата на Covid-19.

 

Трансилванија

Бидејќи е далечен потомок на влашкиот кнез Влад Трети Дракула (Влад Тепеш), Чарлс Трети во Трансилванија во 2006 година на сопствен трошок ги купи зданијата од XVIII век и ги претвори во луксузни пансиони, повторно во согласноста со одржливиот развој.

Кралот го презема и финансискиот ризик кога го водеше конзорциумот кој во 2007 година го купи имотот Дамфрис Хаус во Шкотска, раскошен посед од средината на XVIII век. Идејата беше да биде претворен во музеј кој финансиски самиот би се издржувал и би ја поттикнал локалната економија. Таму ја мина и својата последна ноќ како принц.