ВИДЕО| Социјалните мрежи усвитени – „првиот ден на Ковачевски во војска“

Откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави документи според кои премиерот Димитар Ковачевски во обидот да ја избегне воената обврска во конфликтната 2001 година добил уверение за „трајна неспособност“ за служба, корисниците на социјалните мрежи се шегуваат со колаж од малерозни незгоди со војници.

Претходно Министерството за одбрана потврди дека документот кој во понеделникот на прес-конференија го презентираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, но педупреди дека тој е класифициран како „строго доверлив“, без да се објасни каква безбедносна закана би претставувала ваквата документација.

Во меѓувреме поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски го постави прашањето дека „Треба да се направи вештачење дали премиерот навистина е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН!“.

„ Добро, слободно да си проверите, така треба… Но, штом е ова, што го објавија политичките партии,точно како што потврдувате, исто така, треба да се направи вештачење дали премиерот навистина е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН и да се тргне веднаш од функцијОливер Шамбевскиата или ако е, дај Боже, сѐ во ред со здравјето да си поднесе оставка бидејќи ја лажел државата што денес ја води, за да ја избегне обврската што за сите била задолжителна во тоа време, да си даде оставка оти таквото лажење зборува за карактерот“, објави Шамбевски: