ЕУ ги забрани правосмукалките со моќност над 1.600 вати

Европските производители на правосмукалки од вчера не можат да произведуваат и продаваат правосмукалки со моќ повисока од 1600 вати. Така одлучи Европската унија која донесе забрана за производство  и продажба на моќни правосмукалки цел да се намали потрошувачката на енергија.

Според новите правила производителите на правосмукалки треба да посочуваат на пакувањето оценка за потрошувачката на енергија на уредот по 7-брзинска скала – од A до G. Оваа скала дава информации исто за количеството прав што го ослободува правосмукалката за време на работа.

ЕУ најавува дека по правосмукалките ја разгледува и можноста за забрана на проиаводство на недоволно ефикасни фенови за сушење на коса, косилки, паметни телефони, апарати за подготовка на кафе други апарати големи потрошувачи не струја.

Веќе следната година се очекува забрана за производство на десетина електрични апарати за домаќинство за кои се смета дека трошат премногу струја. Според актуелните закони, забраната се однесува за машини за перење алишта, телевизори, замрзнувачи и правосмукалки, додека помалите електрични апарати моментално се поштедени од овој вид забрана.

Како што изјави, европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер, забранаата за уредите со висока волтажа е неопходна во борбата против климатските промени.

– Сите земји од ЕУ се согласни дека енергетската ефикасност е најдобриот начин за намалување на потрошувачката на електрична енергија и подобрување на климатските услови. Поради тоа, мора да постојат ограничувања за малите електрични апарати- изјави Етингер, пренесе Танјуг.