Силен циклон му се заканува на Балканот

Покрај невремето и големите количини наврната вода, пожарникарите во Дубровник вчера имале и голем број интервенции, во најголем дел испумпување на вода од поплавени подруми, деловни простории, станови, отстранување блокирани возила од улиците и срушени стебла.

И понатаму на сила се мерките за одбрана од поплави на вараџинското подрачје и за реката Мара, која се излеа.

Во Будва за 6 часа наврнало 135 литри дожд

Нестабилното време и во Црна Гора ќе се задржи до крајот на неделава.

Метеорологот Бранко Мицев објаснува дека силната циклонска активност довела до нестабилност на подрачјето на Црна Гора и напоменува дека најмногу количина дожд наврнало во Петровац.

До изутринава во гратчето наврнале 200 литри на метар квадратен, додека во Херцег Нови 155 литри.

Во Будва за само 6 часа наврнале 135 литри на метар квадратен, што е 120 отсто од просечната месечна количина за септември, вели Мисев.

Говорејќи за временските услови во наредните денови, метеорологот најавил нестабилно време до крајот на неделата, што особено ќе биде изразено во северните делови на земјата, додека на почетокот на наредната недела се очекува стабилизација на времето – повеќе сонце и потопли денови.

Во Босна и Херцеговина е издаден портокалов метеоаларм, во Хрватска црвен, додека пак Македонија е во жолтата фаза, која укажува на тоа постои опасност.