Конфликтот меѓу Русија и Украина „ќе заврши само на преговарачка маса“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон повика на „преговарање за мир“ меѓу соседите за време на интервјуто во четвртокот за ТВ BFM во неговиот авион, кој се враќаше од седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави претходно овој месец дека Москва „не ја отфрли“ идејата за разговори со Киев, но предупреди дека колку подолго украинската страна ги одложува, толку потешко ќе биде да се најде заеднички јазик.
Зборувајќи за улогата на Западот во конфликтот во Украина, Макрон инсистираше на тоа дека „наша должност е да ја држиме нашата линија“. А таа линија, според него, „му помага на Киев да ја заштити својата територија и никогаш да не ја напаѓа Русија“.
„Ние не сме во војна со Русија“, увери францускиот претседател.
Рускиот претседател Владимир Путин во средата најави делумна мобилизација во Русија, наведувајќи го фактот дека земјата се бори против „целата западна воена машина“ во Украина. САД и нивните европски сојузници отворено бараат воен пораз на Русија, настојувајќи да ја турнат земјата во безначајност и да го ограбат нејзиното природно богатство, рече рускиот претседател. Но, според Путин, Москва е подготвена да ги „искористи сите средства што ги имаме“ за да го заштити својот народ и територија.
Макрон, како одговор на изјавите на Путин, рече дека со најавата за делумна мобилизација на своите воени резерви, Русија одлучила „да направи чекор кон ескалација“, истовремено обидувајќи се да го „уцени“ Западот со нуклеарно оружје.
Повикувањето на резервистите во Русија следи по овонеделната најава на Народните републики Доњецк и Луганск, и регионите Запорожје и Керсон, кои се под доминантна контрола на Русија, дека ќе одржат референдум за приклучување кон Русија меѓу 23 и 27 септември.