Велика Британија во четвртокот официјално ја укина забраната за хидраулично фрактурирање на гасот од шкрилци, наведувајќи дека се отстранети стравувањата од потреси на почвата што често се случува при ваквиот начин на доаѓање до енергенсот со пораката дека „апсолутен приоритет“ е јакнењето на снабдувањето со енергија.
Новата британска премиерка Лиз Трас изјави на почетокот од септември дека фрактурурањето ќе биде дозволено онаму каде што тоа го поддржува локалната заедница. Еколошките активисти и граѓаните кои живеат во близината на дупчењата се противат на ваквата метода на вадење на јаглеводородите.
Гасот од шкрилци се вади со вбризгување вода со хемикалии под висок притисок во пукнатини во карпите. Методата беше забранета откако индустрискиот регулатор рече дека не е можно да се предвиди магнитудата на потресот кој би можело да биде предизвикан.
Министерот за енергетика Џејкоб Риз-Мог изјави, пак, во четвртокот дека треба да бидат истражени сите извори енергии за да се зголеми домашното производство, „така што е исправно што ја укинавме забраната за да ги реализираме сите потенцијални изводи на домашен гас“.
Стручњаците, пак, предупредуваат дека обновувањето на фрактрурирањето нема да помогне во намалувањето на цените на енергијата зимава, имајќи предвид дека ќе бидат потребни многу години секторот да се развие и дека не е јасно дали може да се извлечат значителни количества гас.
„Дури и доколку се покаже дека со ризиците може да се управува и дека се прифатливи, гасот од шкрилците значително би влијаело врз снабдувањето на Обединетото Кралство само доколку следните децении би биле издупчени илјадници позитивни бушотини“, вели почесниот професор на Универзитетот Дарем, Ендрју Аплин.
Најсилниот потрес предизвикан со фрактурирање се случи во 2011 година во местото Куардиља кај Блекпул, на северот на Англија, а магнитудата му беше 2,3 степени по Рихтер.