
Американски носач на авиони пристигна во Јужна Кореја за прв пат по четири години, каде ќе им се придружи на другите бродови во демонстрација на сила и ќе испрати порака до Северна Кореја, соопштија американските власти.
Носачот на авиони УСС Роналд Реган и бродови од неговата ударна група се вкотвиле во поморска база во јужното пристаниште Бусан.
Како што јави Радио Слободна Европа, неговото доаѓање е најзначајното распоредување на американските сили, според новиот стратешки план на САД за операции за одвраќање против Северна Кореја, која претходно најави дека нема да се откаже од нуклеарното оружје.
Командантот на ударната група, контраадмиралот Мајкл Донели, изјави за новинарите на носачот на авиони дека оваа посета е планирана долго време и дека нејзината цел е градење односи со сојузникот Јужна Кореја и зајакнување на соработката меѓу морнариците на две земји.
„Оставаме пораки за дипломатите. За нас ова е можност да вежбаме тактики и операции“, одговори Донели на прашањето дали ова е сигнал за Пјонгјанг.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол повика на повеќе заеднички вежби и други форми на воена пресметка како предупредување за Северна Кореја, која изврши рекорден број ракетни тестови оваа година.