Полициски службеници на СВР Тетово вчера (25.09.2022) во периодот од 14.00 до 19.00 часот на поширокото полошко подрачје спроведоа засилена контрола за непрописно престигнување, во која вкупно биле откриени и соодветно санкционирани 46 прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-36).
Најголемиот број од прекршоците (ГВ-34) се однесувале на престигнување на забранети места, 10 (ТЕ) на други места и по 1 (ТЕ и ГВ) на непрегледно место и во колона. На возачите-прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со адекватни парични глоби кои, зависно од прекршокот, се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност.