
Планот за градење новата касарна за папската Швајцарска гарда во Ватикан продолжува и покрај одбивањето на избирачите во швајцарскиот кантон Луцерн да го уплатат својот дел, објави фондацијата задолжена за собирање на донациите.
Швајцарската гарда се грижи за безбедноста на поглаварот на Римокатоличката црква 24 часа дневно.
Организацијата планира да собере 47 милиони евра, колку што ќе чини уривањето на дотраените згради од XIX век и изградбата на целосно новата касарна на нивното место.
За да успее да ја собере оваа размерно голема сума, фондацијата се обратила на компании и приватни лица. Швајцарија ќе донира пет милиони швајцарски франци, а кантоните повеќе од четири милиони. Кантонот Луцерн вети дека ќе уплати 400.000 франци, или франк по жител, но на некои тоа не им се допадна па прашањето се решаваше во неделата на спроведениот референдум на кој 71 отсто од гласачите биле „против“.
„Фондацијата е убедена дека во текот на следните месеци ќе ги собере потребните уште 7,5 милиони швајцарски франци“, соопшти во понеделникот. Изрази дека иако го „почитува“ исходот од референдумот, „жали“ поради тоа што кантонот Луцерн нема да учествува.
Швајцарската гарда во 1506 година ја основал папата Јулиј Втори. Нејзините војници се туристичка атракција во Ватикан, поради живописните жолто-црвено-сини униформи инспирирани од ренасансата, халебардите и металните шлемови со ноево перје.
Швајцарските гардисти се мажи на возраст од 19 до 35 години, високи најмалку 174 сантиметри. Мора да бидат римокатолици и практични верници, швајцарски државјани и неоженети во моментот кога ќе стапат на служба.
Работите на изградбата на касарната ќе започнат во 2026 година, и би требало да трае три до четири години. Ватикан со пет милиони швајцарски франци ќе го финансира преселувањето на гардистите во текот на работите.
Во септември минатата 2021 година, во швајцарските медиуми беше објавено дека новата касарна на Швајцарската гарда, наводно ќе биде дизајнирана за сместстување и на стражарки, иако служењето на жени во овој елитен шарено униформиран корпус сѐ уште не дозволено.
Речиси сите припадници на гардата се неожениети мажи кои живеат во заедничка касарна во внатрешноста на ватиканските ѕидини. Командантите и оженетите припаднции живеат во засебни станови. Сите припадници на гардата се швајцарски државјани, но се од различни националности.
Инаку, за воведување на регрутки во службата на Швајцарската гарда, неопходно е одобрување од папата.
Челниците на Фондацијата на папската швајцарска гарда, којашто ја финасира гардата, велат дека тоа би помогнало во потрагата по регрути за корпусот кој брои 135 стражари, кои треба да се ангажираат 30 до 35 годишно, за бројката да остане стабилна.