Едно интересно истражување откри дека четири од пет луѓе фрлаат неизедена храна барем еднаш неделно, а најчесто се тоа млекото, компирот, јајцата и бананите. Повеќе од една третина од испитаниците рекле дека забораваат да ја изедат храната додека таа не се расипе, додека секој петти се обидува да ја искористи целата храна што ја има. И покрај ова, речиси сите од 2.000 испитаници рекле дека ги загрижува проблемот со фрлањето храна, а 27 отсто од нив би сакале да имаат нула отпад од храна во своето домаќинство, но не знаат како да го постигнат тоа.
Студијата спроведена во Велика Британија откри дека четвртина од испитаниците фрлаат, во просек, 1,1 килограм храна, односно се во загуба од околу 27 фунти неделно. Се покажало и дека оваа храна најчесто завршува во контејнери за мешан комунален отпад. Студијата ја спроведе OnePoll, а меѓу другото откри дека 47 отсто од испитаниците се чувствуваат виновни што фрлиле толку многу храна, а најмногу се мотивирани да се сменат со штедење (63 отсто) и за грижа за животната средина (60 отсто). Само четворица од десет луѓе рекле дека јадат храна со истечен рок, а сметаат дека е прифатлива за консумирање и до три дена по истекот на рокот.
Листата на најчесто фрлана храна вклучува: леб, салата во кесичка, банани, млеко, зелена салата, јагоди, краставици, компири, домати, јајца, морков, печурки, шунка, јаболка, сирење, кромид, кокошка, варени тестенини, портокали и павлака.