5.8 C
Skopje
петок, ноември 15, 2024

Македонците Пеце и Мартин се меѓу најуспешните и најамбициозни млади бизнис лидери од Европа

Триесет најуспешни млади бизнисмени, во сите области на општествениот живот, кои имаат под 30 години, добија награда на Business Elite Awards 2022, кој се одржа во Атина, Грција.

“Under 30” наградата претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за младите бизнис лидери.

Меѓу нив се и Македонците кои заслужено го добија ова признание бидејќи до успехот успеаја да стигнат со напорна работа, труд и максимална посветеност.

Станува збор за браќата Пеце и Мартин Ристевски, основачи на PMG CONSTRUCTION DOOEL Скопје.

Со ова признание се дава дополнителен мотив и желба на младите бизнисмени да продолжат понатаму по патот кој тргнале, дури и уште повеќе да ја зголемат својата продуктивност.

Исто така, оваа награда треба да ги мотивира и другите млади луѓе кои се во светот на бизнисот, дури и оние  кои се мислат дали да влезат во него.

Младите бизнисмени се здобиваат и со членство во ексклузивниот Business Elite’s “Executive Club”, каде и официјално се приклучуваат на светската бизнис елита како дел од мрежата на најуспешни и најамбициозни млади бизнис лидери од светот.

По успехот кој го остварија дома, во Скопје, за Пеце и Мартин Ристевски сега ќе чујат и европските млади бизнис лидери, со кои заедно, рамо до рамо, ја добија оваа награда.