Руските власти најавија дека наредните денови ќе отворат пункт за мобилизација и во регионот Астрахан, на границата со Казахстан, јавија дел од медиумите во Русија.
Тоа веќе е сторено на преминот Горен Ларс, на границата со Грузија.
На границата со Казахстан, на главниот граничен премин Караузек, се создадоа километарски колони од автомобилите на оние кои сакаат да ја напуштат земјата, пишуваат медиумите.
„Наредните денови на границата со Казахстан ќе биде поставен привремен пунт каде ќе се делат покани за мобилизација“, се наведува во соопштението.
На тој граничен премин, почнале да ги проверуваат документите на оние кои заминуваат со федералниот регистер за мобилизација, да не ги пуштаат граѓаните кои ги исполнуваат критериумите за регрутација и тие без право на одложување на делумната мобилизација или дозвола за заминување.
Претходно, претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин соопшти дека сите воени резервисти не можат да ја напуштат земјата.
„Ви го одвлекувам вниманието, кон законот, на мобилизациската обука и мобилизацијата во Русија, граѓаните кои се регистрирани во војската, од моментот на објавувањето на мобилизацијата, забрането е напуштање на нивното живеалиште без дозвола на воените власти“, напиша тој на Телеграм.