
И неговата сопствена СДС го третира својот лидер Ковачевски за трајно неспособен, му напишале реакција и во загради како да мавта со рацете, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
На седница прочита говор каде има загради и насоки како да се однесува за време на говорот, а потоа центарот за лаги на СДС го испрати до медиуми.
Од партијата велат дека ова е најголем доказ дека дезертерот Ковачевски и во својата партија го сметаат за неспособен. А, неговата нервоза кажува дека Ковачевски губи контрола и грубо навредува.