Исчистена е најголемата дива депонија во градот!
ЈКП Дервен, заедно со фирмата избрана на тендер но и локални компании ја исчистија депонијата која се создавала со години во близина на Спомен Костурницата.
Во наредниот период ќе се постави и заштитна ограда, а апелирам до граѓаните за совесно постапување и фрлање на отпадот на соодветно место со цел чиста и здрава животна околина.
За поубав Велес!, пишува на својата Фејсбук страница велешкиот градоначалник Марко Колев.