Билборд со ликот на американскиот претседател Џо Бајден и благодарност од населението на источната украинска област Доњецк која изгласа присоединување кон Русија којашто меѓународната заедница го смета за нелегално руско анектирање, е поставен во петокот во истоимениот над милионски главен град на самопрогласената во 2014-та „народна република“.
Главната порака на билбордот со ликот на претседателот Бајден е проследен со пораката „Благодарам дедо Zа нашата победа“ е поставен на една од централните улици во Доњецк, и го содржи знакот „Z“, кој го користат сепаратистичките проруски и руски сили во Украина во она што Москва официјално го нарекува „специјална воена операција за заштита на населението“ на мнозински руската и рускојазична југоисточна украинска област Донбас.
Покрај тоа, на плакатот е одбележана бројката жители на ткн „Доњецка Народна Република“ кој гласале на референдумот за придружување на Руската Федерација.
Жителите на Доњецк, како што пренесува агенцијата РИА, билбордот го доживуваат како духовит коментар на „улогата“ на американскиот претседател за високата излезност и резултатот од референдумот.
„Јас тоа го гледам вака: доколку тој не ѝ помагаше на Украина и не ги провоцираше војските да ја ракетираат републиката, тогаш референдумот нема да минеше со толкава излезност и со таков резултат“, рекол за агенцијата еден жител на Доњецк.
Се алудира на испораките на современите оружени системи кои САД ѝ ги испорачуваат на Украина, во прв ред на повеќекратните ракетни системи со долг дострел HIMARS, со кои единиците лојални на Киев од летото ги гранатираат населените места во Донбас и секојдевно се пријавуваат десетици цивилни жртви меѓу кои и деца.
Од 23-ти до 27-ми октомври се одржаа референдуми во четири региони од историската област Донбас за приклучување на Русија. Според резултатите кои ги соопштија избирачките комисии и меѓународните набљудувачи од кои некои од земји членки на ЕУ и НАТО и јужноамерикански земји, во Доњецк 99,23 отсто од оние кои гласале се одлучиле за приклучување на Русија, во Луганск „за“ биле 98,42 отсто од гласачите, предлогот Херсон од украински да стане руски регион го поддржале 87,05 отсто од гласачите, а во дел од исто така јужниот регион Запорожје гласале „за“ 93,11 отсто.
Рускиот претседател Владимир Путин, според најавите, во петокот официјални ќе го потпише указот со кој четирите региони југоисточна Украина во кој мнозинството жители се Руси и рускојазични Украинци.
Западот и Украина ги сметаат за незаконски таквите референдуми, и сметаат дека станува збор за нелегално руско анектирање на најмалку 15 отсто од украинската територија. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во четвртокот изјави дека „за анексијата на украинските региони нема место во модерниот свет“ и истакна дека „секоја руска одлука да продолжи во таа насока дополнително ќе ги загрози изгледите за мир“.