ВИДЕО| Сепаратистите го обвинија Киев за ракетирањето на бегалската колона во Запорожје

Најмалку 24 лица загинаа во нападот од страна на украинските вооружени сили врз конвојот цивилни возила кои чекале да преминат на „ослободениот“ дел од регионот Запорожје кој претходно седмицава изгласа присоединување на Русија, тврди членот на проруската воено-цивилна администрација на регионот, Владимир Рогов.

„Убиени се 24 луѓе. Од нив 11 се мажи а 13 се жени. Други 36 лица се ранети. Од нив 24 се мажи, 11 се жени и едно дете“, објави на платформата Telegram Рогов кој е и челник на локалното движење „Ние сме заедно со Русија“.

Додава дека нападот бил изеден на автопазарот крај локалниот Ораховски автопат, каде се формира конвој возила кои сакаат да минат на територијата од Запорошкиот регион кој е под контрола на проруските сепаратисти и руската војска.

Рогов потсетува дека пред два дена жителите на регионот Запорожје го блокираа истиот автопат и одржаа протест, барајќи од украинските власти да им дозволат да заминат од територијата на регионот кој е под контрола на Киев. Тврди дека тие жители подоцна биле посетени од припадници на украинската тајна служба СБУ кои „отворено почнаа да им се закануваат дека Запорожците многу ќе зажалат поради тоа“.

Истовремено, проруските власти во Запорожје објавија дека е очекувано „како и во други случаи претходно“, Киев да ја обвини руската страна за денешното гранатирање.

Украина претходно излезе со тврдењето дека руските сили истрелале ракети врз хуманитарен конвој што требало да се движи кон окупираните територии со цел да евакуира цивили и да достави помош, а проруските сепаратисти тврдат дека за нападот е одговорна украинската армија. Во нападот, според украинската страна, загинале најмалку 23 цивили а околу 30 се ранети.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на својот канал на Telegream реагореше по денешниот масакр врз цивили во близина на градот Запорожје. Меѓутоа, и тој не изнесе податоци за тоа зошто се формирала колоната возила и во кој правец се движела.

„Терористичката држава истрела ракети врз цивилното население во Запорожје, Николаив и Дњепропетровск. Ги напаѓа украинските региони со ракети и беспилотни летала. Окупаторите во едно утро истрелаа 16 ракети врз регионот на Запорожје. Тоа го можат само терористите за кои нема место во цивилизираниот свет. Непријателот е бесен и бара одмазда за нашата упорност и сопствените грешки“, се наведува во соопштението на Зеленски.